Прегазен е малолетен пешак во Гостивар

by irena 14:18
14:18

МВР информира дека синоќа во 21.34 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека на ул. „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Џ.И.(33) од с. Форино, гостиварско, со престој во Швајцарија, удрило во малолетен пешак од Гостивар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Слични вести