Предвидени се 11,7 милиони евра за набавката на терминали за отпечаток од прст

by fokus

Државната изборна комисија во мај ќе започне со постапката за набавка на терминали за читање отпечаток од прст, кои треба да бидат ставени во употреба за локалните избори наесен. На денешната седница комисијата едногласно ги усвои измените на планот за јавни набавки, а роковите ќе почнат да течат од идната недела, по празниците, за кога е предвидено да се спроведе технички дијалог. Владата, како што соопштија од ДИК, преку Министерството за финансии ќе издвои 720 милиони денари за нова намена.

-Постапката ќе биде отворена. Другата недела планираме да спроведеме и технички дијалог, кој ќе трае пет дена. Постапката ќе биде јавна и транспарентна. Ќе оди преку Електронскиот систем за јавни набавки. Сите заинтересирани понудувачи или оператори, домашни или странски, можат да даваат свои препораки, да даваат забелешки на нашата изготвена веќе нацрт-тендерска документација и барање за техничкиот дијалог што се однесува до системот за биометриска идентификација на гласачите, изјави Дитмире Шеху, потпретседателка на ДИК.

Според проценките на ДИК и бројот на гласачки места, ќе се обезбедат околу 4.000 терминали.

Поврзани новости