625
Македонскиот виолинист Зоран Џорлев подготви 15 македонски поп-евергрини во инструментална верзија.
Како што ни раскажа Џорлев, аранжманите се оригинални испрограмирани од пијанистот Дамир Имери. Наскоро це-дето ќе има своја официјална промоција.
„Пред 10-на години го снимив првото це-де, исто така со обработки на македонски поп песни. Тие изведби и ден денес се слушаат насекаде. Ова е всушност како продолжение. Во времето на мојата младост би го нарекол „Volume 2““, ни изјави Џорлев.