Сијарто: Хан наместо за Груевски, да се грижи за проширувањето

by Fokus
Реагирајќи на изјавата на комесарот за проширување, Јоханес Хан дека Унгарија најверојатно нема да го екстрадира Груевски, унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто кусо изјави дека „комесарот за проширување треба да се грижи за проширувањето, а не за законските процеси во земјите членки“.

Прашањето му беше поставено денеска од унгарска новинарка на редовниот брифинг по Советот на министри за надворешни работи на ЕУ. Сијарто инаку не ја спомена Македонија, ниту случајот со Груевски.

Утре се одржува Совет за општи работи на ЕУ, кој делумно ќе биде посветен на владеењето на правото во Унгарија. Едно од прашањето кои ќе бидат покренати е затворањето на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта, но неизвесно е дали ќе се отвори и прашањето за Груевски, со оглед на тоа дека ЕУ го смета за суверено прашање.

Поврзани новости