На последниот ден од годината, државата ги ,,освежи” естрадните уметници со 43.552 денари на сметка, како помош поради кризата.
Од Здружение на естрадни уметници за ,,Фокус” потврдија дека денес на сметките им легнале средствата во висина од по две плати, односно по 21.776 денари за два месеци.
Велат дека се пријатно изненадени, но и благодарни поради финансиската помош која им била неопходна. Помошта ја добиле 730 естрадни уметници.
-Средствата од финансиската помош се пуштени и веќе пристигнуваат на сметките на нашите членови и членовите на нашите пријателски здруженија. Сакаме да се заблагодариме искрено и од срце до сите претставници од Владата кои помогнаа овој голем проект да се реализира, со специјална благодарност до Вицепремиерот г-дин Фатмир Битиќи и Националниот Kоординатор за култура г-дин Роберт Алаѓозовски, кои покажаа големо разбирање за ситуацијата на естрадните уметници и најчовечно се заложија за да помогнат оваа помош да се реализира! Бескрајно сме им благодарни! – изјави Горјан Стојановски, претседател на здружението.
Вики Клинчарова