Предмет „Тортура“: Се чека Апелација да пресече дали и Мијалков ќе се гони за изживувањето врз Бошковски

by fokus

Апелациониот суд се уште нема одлучено по жалбата на Специјалното јавно обвинителство, кое бара и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, да се товари за изживување врз Љубе Бошковски. Поради тоа во Кривичниот суд денеска беше одложен стартот по предметот „Тортура“ на СЈО, кој се однесува на апсењето на Бошковски.

Во предметот се товарат шестмина припадници на специјалната единица „Алфи“. Бошковски кој присуствуваше на денешното рочиште, се соочи со еден од нив, Ивица Анчевски – Пуки, кој во 2011 беше на чело на Алфите.

За потсетување, судијката Моника Бахчовановска, при оценка на обвинението на СЈО, одлучи да го изземе Мијалков од кривичен прогон. По еден месец откако СЈО ја обжали одлуката, Апелација се уште се нема произнесено по жалбата.

Судењето за „Тортура“ е одложено за 23 март.

Поврзани новости