ПРЕДА плус отвори повик за поддршка на стартапи од Пелагонискиот регион

by Fokus

Сите со добра и иновативна бизнис идеја или со веќе формиран стартап во почетна фаза може да аплицираат за акцелераторската програма #ИодБитолаСеМожи креирана од ПРЕДА плус фондацијата.

Таа нуди менторски и тренинг услуги, можност за вмрежување и за презентација на бизнис идеите пред потенцијални инвеститори.

-Сакаме да ги поттикнеме ситеод Пелагонискиот регион кои имаат претприемачки духи идеја да ја преточат во бизнис. Се што треба да направат е да аплицираат а ние ќе се погрижиме за дефинирање на нивниот бизнис план, ќе ги насочиме како да градат вештини за водење на идниот бизнис, ќе им помогнеме да се вмрежат и ќе им обезбедиме пристап до потенцијални инвеститори. Дефинитивно ова е одлична можност“ потенцира Маријана Милевска, извршна директорка на ПРЕДА Плус Фондацијата.

Програмата #ИодБитолаСеМожи не е наменета за индивиудалци, туку за тимови од најмалку двајца.

„Повикот е отворен до 30 септември, а може да се аплицира на следниот линкhttps://iodbitolasemozi.typeform.com/to/F0Ey8QНа веб сајтот predaplus.eu има повеќе информации, а сите заинтересирани може да се обратат и директно во нашата канцеларија. Во првата сезона од проектот од вкупно 50 апликации беа избрани 20 со кои се работеше менторски, при што се искристализираа 10 стартап идеи кои на Демо ден беа претставени пред потенцијални фондови и инвеститори. Неколку од тие идеи веќе функционираат.Во втората сезона очекувањата се да има уште поголем интерес со оглед на фактот што целпроцес на менторирање и поддршка е бесплатен“ додава Милевска.

Повикот беше најавен на инспиративно едукативно предавање кое се одржа во клубот Порта Џез во Битола. На настанот говореа Дијана Десподов, извршна директорка на AmCham, Игор Изотов, иновациски и менаџмент консултат, Васил Зидровски – иноватор, софтверски инженер и сопственик на стартап компанијата Nulius, како и Маријана Стефановски, Анастасија Трајковска, архитекти и основачки на Архинова & Анридизајн.

 

Поврзани новости