597
Премиерот Зоран Заев на денешната прес конфереција посветена на Договорот за добрососедство со Бугарија, рече дека граделе добра кохабитација со претседателот Ѓорѓе Иванов.
-Претседателот Иванов го информиравме за договорот преку министерот за надворешни работи Никола Димитров кој завчера имаше средба со претседателот. Пред посетата на Бугарија бевме на двочасовни консултации со него.Сакаме национален консензус за ова прашање, кое е од позитивна важност и општо добро за Република Македонија, изјави Заев.