И бугарската Влада го одобри текстот на Договорот со Македонија

by fokus

Владата на Бугарија денеска одржа седница на која го одобри текстот на Договорот за добрососедство со Македонија. Бугарскиот премиер Бојко Борисов рече дека со потпишувањето на договорот за добрососедство е израз на желбата на Република Бугарија да изгради добрососедски односи засновани на европските вредности.

Борисов додаде дека повеќе години различни бугарски влади биле ангажирани во преговорите и дека секогаш се внимавало да се заштитат бугарските национални интереси.

-Со употребата на терминот „нашата заедничка историја” во договорот велиме дека историјата ни обединува, а не не разединува, рече Борисов.

Поврзани новости