Непосредно пред полицискиот час во Куманово, и од денеска во цела држава, се запали стан во зграда на улица „Трета македонска бригада“ во Куманово.
Снимката од запалениот стан и интервенцијата на противпожарните екипи почна да се шири на социјалните мрежи, а чадот можеше да се забележи од сите страни на Куманово.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски за „Фокус“ потврди дека опожарен е стан на поткровје во станбена зграда и дека пожарот, кој избувнал нешто пред 16 часот, е веќе изгаснат.
– Станарите беа навремено евакуирани, во моментов се враќаат во своите станови. Следува увид на МВР и чистење на објектот. Ја посетив локацијата, состојбата е стабилна, за среќа нема жртви, едно лице од присутните во опожарениот стан се здобило со полесни изгореници, вели Димитриевски.
Куманово е еден од најпогодените градови, односно има голем број на заразени и починати од новиот вирус Ковид 19. Во овој град за прв пат изминатиот викенд беше воведен полициски час со забрана за движење цел викенд, а сега оваа мерка е воведена за цела држава.
strasno
Publiée par Goran Gorgievski sur Mercredi 8 avril 2020