Уапсени две лица за киднапирањето на внукот на Љубе Бошкоски

by Fokus

Полицијата уапси две лица кои се осомничени за киднапирањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски, објави А1он.

Уапсените заедно со кривичната пријава против нив се проследени пред судија на претходна постапка кој денеска треба да одлучи дали ќе им одреди притвор.

Самоил Костадиновски за исчезнат беше пријавен од неговиот брат. Тој е внук од братот на Виолета, сопруга на Љубе Бошкоски.

Поврзани новости