Во организација на Институтот за правно-економски истражувања и едукација IURIDICA PRIMA од 29 септември до 1 октомври во Неготино се одржува Меѓународна научна конференција, со наслов, „DE LEGE FERENDA: Правото и неговата примена какви би требало да бидат.
Конференцијата свечено ја отвори ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Никола Јанкуловски и Заменик министерот за правда, Оливер Ристовски. На конференцијата учествуваат истакнати и еминентни професори од земјата и странство, но и голем број на судии, јавни обвинители, нотари, адвокати, извршители, магистри и студенти по право. Конференцијата е посветена на актуелните правни прашања и проблеми во законската регулатива и нејзината примена презентирани во триесетина трудови од областа на уставнотот, граѓанското, казненото, меѓународното, трудовото и меѓународното право.
Целта на конференцијата е да се посочат законските решенија кои создаваат проблеми во практиката, правните празнини и нелогичности во примената на правото, но и да му се предложат на законодавецот решенија за нивно надминување. Во таа смисла, правниците испратија порака до законодавецот дека при носењето на прописите треба задолжително да го слушне мислењето на правната наука и практичарите.
Конференцијата, исто така, има за цел да укаже на улогата и значењето на правото и неговата правилна примена за правната сигурност и владеењеето на правото. Поради тоа, од исклучително значење е да се врати угледот и сјајот на правничкото образование и правничката професија која се занимава со вештината на доброто и правичното (Ius est ars boni et aequi).
Вики Клинчарова