ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски да си поднесе оставка од функцијата Генерален секретар на владата

by Fokus

Драги Рашковски веќе два дена молчи, нема намера да си поднесе оставка како Генерален секретар на Владата на Република Македонија. Не може да се прикрие непотизмот од работењето на Рашковски, истакна Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

– Со тоа што неговата баба, Елена Начевска се повлече, мајка на неговата сопруга Вероника Начевска која беше поставена како претседател на Комисијата за жалби. А, исто така се повлече и неговиот кум, Дејан Костиќ кој го ангажираше за адвокат на Генералниот Секретаријат на владата и покрај тоа што владата има правна служба. Овие лица треба да ги вратат парите кои ги испумпаа по основ на плати и хонорари од буџетот – додава Колариќ.

Поврзани новости