Богоев: Нема да се фалиме со тековни проекти, асфалтирањето на улици и тротоари е елементарна обврска – имаме авангардни проекти

by Fokus

Нема да се фалиме со тековни проекти, асфалтирањето на улици и тротоари е елементарна обврска – имаме авангардни проекти и решенија за Карпош, започна Стефан Богоев, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Карпош, на средбата со граѓани во Карпош 2, населба каде што Богоев поминал дел од својата младост.

– Општината ќе биде фокусирана на искористувањето на обновливите извори на енергија, поставување на соларни панели на покривите на градинките и училиштата, со цел заштеда на електрична енергија и заштита на животната средина. За Карпош 2 предвидено е и ново зелено катче (сквер) на местото кај старата Пошта. Исто така, повозрасните граѓани да бидат спокојни, општината обезбедува здравствена патрола – бесплатни здравствени прегледи во нивните домови. Преку нашите проекти овозможуваме и дополнителна социјализација на граѓаните и меѓугенерациска поддршка. Го враќаме духот и маалскиот живот на Карпош! – истакна Богоев.

Поврзани новости