Во организација на „Анима Мунди“, денеска во Скопје се одржа протест против насилството против животните. Со транспаренти „Бездомни а не безвредни“, „Во Вардариште ѕверовите се надвор од кафезите“, „Правда за животните“, стотина граѓани и активисти на Здружението за заштита на животни бараа правда за животните заловени во стационарот Вардариште.
Протесниот марш започна на Плоштад „Македонија“ и низ улиците продолжи до бараките на Град Скопје под чија надлежност се наоѓа стационарот.
Претседателот на „Анима Мунди“, Столе Велков, изјави дека протестот е против градот, против нехуманоста и против институцијата Вардариште.
-Девет години се врши хајка и се убиваат бездомните животни, а целта на Вардариште беше јасна, залови, стерилизирај, врати. Еутаназијата не може да биде единственото решение за проблемот со бездомните животни, рече Велков.
ФОТО: Мета