514
Меѓународната федерација на новинарите, на нејзиниот 29-ти Светски конгрес, кој се одржа од 7 до 10 Јуни во францускиот град Ангерс, усвои ургентна резолуција со која се осудуваат македонските власти за апсењето на новинарот Зоран Божиновски. Оваа резолуција е по предлог на Здружението на новинарите на Македонија.
-Истакнуваме дека апсењето на новинарите за наводни кривични дела без никакви факти и докази, не е практика во слободни и демократски земји. Ваквите обвинувања придонесуваат за дискредитирање на новинарите како предавници и криминалци со цел да се наруши нивната доверба во јавноста, се вели во резолуцијата.