Правда: Нема барање од суд или обвинителство за екстрадиција на Миленкоски

by fokus

До секторот за Меѓународна правна помош при Министерството за правда до овој момент нема пристигнато барање од надлежен суд или обвинителство за екстрадиција за лицето за кое прашувате.

Ова е краткиот одговор кој ни го испратија од Министерството за правда по писмото на дипломатот, Миле Миленкоски кој бара да биде екстрадиран и да му се суди во Македонија, а не во Ерменија каде е обвинет за извлекување на македонски државјанин осомничен за кривично дело таму.

Според објавеното писмо во изминатите неколку дена семејството на Миленкоски ги доставиле сите документи што ги поседуваат за случајот до „сите надлежни институции во државава“, бидејќи никој од Македонија официјално не пројавил интерес до судските инстанци во Србија да ја добијат документацијата за случајот.

Поврзани новости