Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ повторно се почувствуваа навредени и побараа нова пауза

by fokus

Законите за минимална плата, за укинување на радиодифузната такса и за стечајците никако да дојдат на ред. Иако се ставени на дневен ред, пратениците заглавија на измените на Законот за медицински студии и континуираното стручно усовршување на докторите.

По редовната пауза, пратениците продолжија со реплики и контра-реплики, а по репликата на пратеничката од СДСМ Јагода Шахпаска, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се почувствуваа навредени и побараа нова пауза, којашто се уште трае.

-Како можете да бидете толкави лицемери. Зар заборавивте дека одговорноста за смртта на Тамара лежи најдиректно и кај Аспазија Софијанова? Како не ви е срам да забошотите дека најголемата смртност кај новороденчињата, 14,3 проценти беше за време на 11-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, а особено во првите два квартала кога се формираше новата влада? Ги споменувате 10-те тажни случаи без да споменете каков пустош оставивте во здравството?, преша Шехтанска и ги навреди пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Спикерот Талат Џафери потсети дека врз основа на договор, Собранието денеска се врати на оваа седница со намера дека законите се битни и се во интерес на граѓаните и истакна дека поради тоа седницата ќе треба да ја продолжи по 20 часот, бидејќи не може да ги префрли овие точки за понеделник.

Поврзани новости