Фероинвест: Дезинформациите дека наводно сме добиле тендер предизвикаа големи проблеми на компанијата

by fokus

Компанијата Фероинвест, каде сопственик е вицепремиерот Кочо Анѓушев, денеска се пожали дека била направена голема штета поради пласираните дезинформации во јавноста во текот на изминативе денови.

-Изминативе денови како компанија бевме во центар на интерес на медиумите и беа изнесени низа обвинувања, дека е добиен тендерот од ЕЛЕМ, без притоа неколку дена никој да не се обрати директно во компанијата Фероинвест, од каде јасно кажавме дека допрва ќе следи јавно наддавање. Пласираните дезинформации дека наводно сме добиле тендер, предизвикаа големи проблеми на компанијата и на нејзините бизнис партнери во странство. Ние сме извозно ориентирана компанија која 95% од своето производство го наменува за извоз. Предизвикана е и штета по угледот на турската компанија Озенбард, наш досегашен партнер во вакви наддавања, се вели во соопштението на Фероинвест.

Од компанијата порачаа дека за сите прашања поврзани со функционирањето на компаниите во системот Фероинвест сите заинтересирани треба да се обратат до нив, од каде ќе добиеле најрелевантен одговор.

Поврзани новости