Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за Мицкоски

by Fokus

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието безрезервно го поддржаа раководството на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на партијата Христијан Мицкоски во однос на одржувањето Конгрес на партијата со цел што поскоро да ја поразат актуелната власт.

„Пратениците упатуваат препорака до матичната партија ВМРО-ДПМНЕ, во однос на интегритетот на партијата како политички субјект, целосно да се почитуваат одредбите од Статутот и безусловно се залагаме да се почитуваат надлежностите на Централниот комитет, Извршниот комитет, Конгресот и другите партиски органи, без да се дозволи нивна злоупотреба од страна на било кои поединци или групи“, се наведува во соопштението од пратениците.

Поврзани новости