Антикорупциска отвори три предмети за акумулација на функции против службени лица

by Fokus

Државната комисија за спречување на корупција на денешната 46-та седница отвори три предмети за акумулација на функции против службени лица, кои произлегуваат од изјавите за судир на интереси за 2020 година.

Предметите се отвораат за еден член на Совет на општина, кој истовремено е член и на Управен одбор на детска градинка и за в.д. директор на средно општинско училиште, кој истовремено управува како сопственик со трговско друштво.

ДКСК отворија постапки и против пратеник во Собранието, кој го променил управителството во неговата фирма, меѓутоа за управител поставил негово блиско лице, министер во Владата кој, исто така го променил управителството во неговата фирма и за управител поставил негово блиско лице и уште еден пратеник кој го направил истото.

Поврзани новости