Пратениците на ЛДП и ДОМ нема да гласаат недоверба на Владата

by fokus 19:36
19:36

ЛДП и ДОМ не би преземале чекори со кои ќе се загрози европската перспектива на државата. На прашањето до пратениците Моника Зајкова и Боби Мојсоски од ЛДП дали ќе ја поддржат иницијативата за гласање недоверба на Владата за “Фокус” изјавија дека не би гласале недоверба на нивниот претседател кој е актуелен министер за локална самоуправа во Владата.

И Маја Морачанин од ДОМ потврдува дека нема да гласаат недоверба на Владата.

Претходно и Демократски сојуз потврди дека нема да учествуваат во политичка Влада со ново парламентарно мнозинство од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Павле Трајанов рече дека не треба нов процес, нови избори, ново усогласување за соработка со други политичи партии.

– Доколку не може да се избере нова Влада, тогаш неминовни се нови предвремени парламентарни избори. Нивното организирање од пржинска влада е политички договор вметнат во законот, но, според мене, таква влада и не мора да се формира бидејќи Уставот не ја препозната а тој е највисок акт – истакна и Тито Петковски.

ВМРО НАРОДНА партија исто потврди така не ја поддржува иницијативата за гласање  недоверба на владата.

С. Т.

Поврзани новости