492
Откако ќе се обрати претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета, денеска на пладне започнува пленарната седница на која пратениците ќе треба да гласаат за уставните измени.
За да станат составен дел од Уставот, секој од нив мора да добие двотретинска поддршка на поединечно гласање, односно 82 гласа.
Овие уставни амандмани предвидуваат дефинирање на бракот како заедница на еден маж и една жена, формирање на финансиски зони, воведување на уставна жалба, преименување на Народната банка во Банка на РМ.
Еден од нив, пак, утврдува граница за ненадминување на јавниот долг на прагот од 60 отсто од БДП, а буџетскиот дефицит до 3 отсто од БДП, освен во екстремни ситуации.