Денеска парламентарците ги изгласаа измените во Законот за полиција со кои се предвидува полицијата да може да користи гумени куршуми, електрични парализатори и шок – бомби за онеспособување на насилни демонстранти. Овие новини во законот полицајците ќе можат да ги применат, доколку демонстрантите што го рушат јавниот ред и мир не го почитуваат повикот на полицаецот да се разотидат.
Новите измени и дополнувања во законот и’ дозволуваат на полицијата да врши и видео надзор припостапките со граѓаните. Полицијата би ги користела овие снимки, ако граѓаните се жалат на незаконско постапување на полицијата.
Инаку, досегашната дозволена употреба на сила предвидуваше користење на палка, хемиски средства, млазови вода и службени кучиња во случај на насилни протести.