Заев на средба со Безак: Граѓаните на кредибилни избори се изјаснија за промени

by fokus

Mора да се почитуваат демократските принципи, односно одлуката на околу 700.000 граѓани, порачал претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнево на средба со амбасадорот на Република Словачка, Мартин Безак.

-Решение мора да има низ почитување на демократските принципи. Граѓаните на кредибилни избори се изјаснија за промени. Легитимно е формирано новото парламентарно мнозинство од 67 пратеници избрани од околу 700.000 граѓани.  Продолжуваме кон избор на нов претседател на Собранието и нова Влада, според мнозинската волја. Никој не смее спротивно на Уставот и на државните интереси да ја загрозува егзистенцијата и стабилноста на граѓаните бидејки се тоа тешки казниви дела, рекол Заев.

На состанокот се разговарало и за итните реформски приоритети што е подготвена да ги реализира новата Влада.

Поврзани новости