Општина Карпош: Во пожарот изгоре дел од историјата на Скопје

by fokus

Општина Карпош изразува искрено жалење за пожарот кој денес избувна на нејзина територија, во која изгоре поранешниот Градски завод за урбанизам кој е во стечај, се вели во реакцијата на општината на денешниот пожар.

-Со ова заминува дел од историјата на Град Скопје, макети од значајни објекти, проекти и урбанистички планови.  Симптоматично е што пожарот многу брзо се ширеше и затоа Општина Карпош бара од Министерството за внатрешни работи – Службата за противпожарна заштита да направи темелна истрага за причините за пожарот, велат од општина Карпош.

Според урбанистот Леонора Грчева, во Заводот за урбанизам и архитектура Скопје (ЗУАС) се’ уште се наоѓаа оригиналните модели за централно Скопје од познатиот светски архитект Кензо Танге, како и најголемата колекција и материјална меморија за обновата на пост-земјотресно Скопје.

Поврзани новости