Пратеникот Петрушевски го повикува заканувачот на „ферка“

by Fokus

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски го повика на директно соочување заканувачот од фејсбук, кој им упати закани по животот нему и на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, и на неговото семејство.

„Пренеси му на Христијан Мицкоски ако му е мила фамилијата нека седи мирен. Во спротивно ќе биде изрешетен како куче и ќе биде фрлен во некој ендек. Исто и ти ако ти е мила фамилиајта седи мирен“, пишува до пораката која ја добил пратеникот.

Петрушевски бара осуда од СДСМ, а претседателот Пендаровски, како што вели, да ја повлече благодарницата која му ја дал.

„Само кукавици и плашливци се закануваат во пораки. Еве јавно го повикувам дотичниот Роберт, кој ми се заканува мене, а и на претседателот Мицкоски, дека ќе ни ги ликвидирал нашите семејства, да се сретнеме ЛИЧНО, ОЧИ ВО ОЧИ.
Доколку остана некој психички нормален во раководството на СДС, барам осуда и оградување од ваквите закани на нивни членови.
Исто така, барам од Претседателот на државата, г-нот Стево Пендаровски, да ја повлече издадената Благодарница на ваков насилник.
Ја повикувам и меѓународната заедница будно да ја следи состојбата со опозициските пратеници и функционери, кои се мета на секојдневни закани, следења и заплашувања со досиеа незаконски водени од функционерите на власта.
Доколку институциите на државата не сакаат да не заштитат, ќе бидеме принудени сами, како знаеме и умееме, да се заштитиме себе си’ и нашите семејствата.
И на крај, да им биде јасно на СИТЕ, и по цена на мојот живот, НЕМА да гласам за уставни измени, затоа што немам мандат од граѓаните“, напиша Петрушевски на фејсбук.

Поврзани новости