Пратеникот Мукоски се брани: Јас не сум ја отворил вратата на парламентот

by fokus

Пратеникот Крсто Мукоски тврди дека не ја отворил вратата на парламентот, а Љубен Арнаудов – дека ништо не е така како што изгледа. Очекуваат истрагата да докаже дали тие го организирале „упадот“ на 27-ми април,пишува Дојче Веле.

„Јас не сум ја отворил вратата на парламентот. Точно е дека бев во ходникот: Дали е тоа забрането? Јас имам право да се движам слободно насекаде низ Собранието. Ја видов снимката и не гледам од каде е изведен заклучок дека јас сум ја отворил вратата. Се е шпекулација. Истрагата ќе покаже кој го сторил тоа“.

Ова за Дојче веле го изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, откако телевизиите „Телма“ и „Аласат-М“ вчера ја објавија снимката која сведочи за внатрешното движење во парламентот неколку минути пред во него да влезат демонстрантите и првите минути потоа. Како што објавија телевизиите, на снимката се забележува дека двајца пратеници, идентификувани како Крсто Мукоски и Сашо Василевски, ги отстрануваат металните држачи кои ги блокираат вратите, по што демонстрантите масовно влегуваат во Собранието.

Пратеникот Василевски, пишува Дојче Веле, одби да го објасни неговиот придонес во настаните од 27-ми април.

 

Поврзани новости