Во експлозијата во Манчестер починале 22 лица, повеќе од 50 се повредени

by fokus

Повеќе од 50 лица се повредени, а 22 се починати во напад во Манчестерската Арена, каде се одржуваше концерт на Ариана Гранде. Меѓу жртвите имало и деца, а властите се сомневаат дека се работи за терористички напад, јави ББС.

Експлозијата се случила во 22:35 часот вчера вечер . Секретарката за внатрешни работи, Амбер Рад, изјави дека е „варварски напад, кој намерно цели кон некои од најранливите во општеството“.

Роднините на присутните на концертот користеа социјални медиуми за да ги најдат членовите на нивните семејства кои беа заглавени во салата после инцидентот.

Од амбулантна служба рекле дека примиле 59 повредени од експлозијата во околните болници, а повеќе лица биле третирани и од повреди од шрапнел во нозете и стапалата.

Во чест на починатите и повредените, политичките партии привремено ги суспендираа кампањите за парламентарните избори.

Од полицијата објавија дека експлозијата се случила во фоајето на арената, кое е поврзано со станицата за метро и трамвај Викторија, која е многу прометна и води кон градскиот центар.

Кратко после експлозијата, станицата била затворена и сите линии на јавниот превоз биле прекинати.

Експлозијата се случила кратко откако Ариана Гранде си заминала од сцената во салата, која е најголем објект од затворен тип во Манчестер, со капацитет од 21.000 гости.

Поврзани новости