Пратеничките од ДОМ побараа преиспитување и промена на трасата на гасоводот на Водно

by fokus

Пратеничките од ДОМ, Маја Морачанин и Лилјана Поповска, се сретнаа со претставници од граѓански здруженија од иницијативата против изградба на гасовод по сртот на парк-шумата Водно.

Сите аргументи на екологистите и стручните лица укажуваат на потребата за преиспитување и промена на трасата на гасоводот, тргнувајќи од значењето на Водно како прочистувач на воздухот и извор на кислород за граѓаните на Скопје и околните места, соопштуваат од партијата на Лилјана Поповска.

„Во просторниот план на Република Македонија оваа парк-шума е дефинирана како заштитен предел со посебни природни карактеристики и е предвиден режим на заштита како дендролошки споменик на природата. Дополнително, Водно е најзначајното излетничко место на главниот град, а нејзиниот с’рт е дел од туристичката рута за планинари и велосипедисти, што води кон македонските туристички атракции, кањонот Матка и пештерата Врело“, велат од ДОМ.

Поврзани новости