Класната на Заев: Тој беше еден од најдобрите и најуспешни ученици

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска, 25 години по матурирањето се врати во училиштето во кое ги поминал гимназиските денови, информираат од владата.

„Среќата од заедничката средба, премиерот и неговите соученици и професори, ја споделија во училишниот двор и во училницата во која поминаа заедно четири години. Таму, со класната раководителка Билјана Витанова, се потсетија на средношколските денови, но и на годините потоа, од професионалниот и личниот живот“, стои во соопштението од влада.

Професорката Витанова вели дека Заев бил еден од најдобрите и најуспешни ученици.

– Горда сум на целата генерација, но посебно на мојот ученик Зоран Заев, кој што денеска е претседател на Владата на Република Македонија. Се гордеам со него и како човек и како политичар. Тој е најдобриот и најуспешниот ученик во мојот 40-годишен работен стаж во образовниот систем, рече професорката Витанова.

„По завршувањето на класниот час, премиерот Заев со своите соученици и класната раководителка, дружењето го продолжија во едно од струмичките кафулиња. Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, беше ученик во средното општинско училиште „Јане Сандански“ во Струмица во генерацијата 1989 – 1993 година“, информираат од владата.

Поврзани новости