Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со долги говори ја блокира работата на Собранието

by fokus

Власта сака на мала врата без доволно информации и консултација со јавноста да се изгласа закон со кој ќе му се признае на Макпетрол сопственост од 50 отсто во гасоводот во Македонија и истиот да му се плати по нереално висока цена од 33 милиони евра иако самата власт вели дека вредноста на влогот на Макпетрол е 18,8 милиони евра, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата прави сѐ со долги говори да ја блокира работата со цел да не бидат злоупотребени 33 милиони евра народни пари, информираат од Центарот за комуникации на партијата.

-Се поставува прашањето зошто Владата на Макпетрол сака да му плати екстра 14,2 милиони евра? Зошто Државниот правобранител не сакал да даде дозвола на премиерот Заев да го потпише договорот? Зошто се оди со закон во Собрание што никогаш претходно не се случило во историја на Македонија?, прашуваат од партијата.

Поврзани новости