Спроведувањето на новиот концепт може да предизвика сериозни проблеми во образованието, порачуваат педагозите

by fokus

Да запрат активностите за понудената концепција за основно образование и да почне процес на сериозна стручна и академска расправа која ќе резултира со нова концепција. Ваков заклучок донеле членовите на Институтот за педагогија со мнозинство гласови.

Институтот за педагогија смета дека нацрт-концепцијата има методолошки и дидактички недоследности и решенија кои не соодветствуваат на нашата воспитно-образовна и општествена реалност и смета дека имплементацијата на оваа концепција може да предизвика сериозни проблеми во сферата на образованието.

– Проф. д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ и проф. д-р Лена Дамовска, кои се дел од работната група за подготвување на нацрт-концепцијата за основното образование, даваат безрезервна поддршка да продолжат реформите затоа што сметаат дека ќе се одвиваат етапно, додека проф. д-р Алма Тасевска беше воздржана, се наведува во дописот од Институтот за педагогија и неговата раководителка Јасмина Делчева-Диздаревиќ.

Поврзани новости