491
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал потврди дека повредата која ја здоби во 2. коло на Австралија опен ќе го отстрани од терените во следните шест до осум седмици, што, најверојатно, значи негово враќање на стартот на сезоната на турнирите на земјена подлога.
„Извршив прегледи во клиниката Кекнон Тенис во Барселона. Потврдена е дијагнозата од Мелбурн и времето потребно за рехабилитација останува исто“, објави Надал на Твитер.
За време на Австралија опен лекарите на Надал му констатираа мускулна повреда за која не е потребен оперативен зафат.
„Дополнителни прегледи ќе направиме за три седмици и тогаш ќе видиме како напредува рехабилитацијата“, додаде освојувачот на 22. грен – слем титули, кој во јуни ќе наполни 37 години.