Тепачка меѓу затвореници во Идризово, нападнат полицаец со нож

by Fokus

Вчера во 18.30 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 14.00 часот, настанала расправија помеѓу неколку осуденици.

Откако интервенирал затворски полицаец, осуденик се обидел да го нападне со нож, а затворските полицајци му го одзеле ножот.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости