Маричиќ за затегнатите односи помеѓу Софија и Скопје: Не е пријатно!

by Fokus

Најновото заострување на односите меѓу Софија и Скопје нема да го попречи отворањето на процесот на уставни измени, вели во интервју за ТВ Телма вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, според кого институциите реагираа, а политичарите го осудија претепувањето на Христијан Пендиков во Охрид по што, Северна Македонија и Бугарија треба да го чуваат пријателството.

Во таква атмосфера, вели тој, би требало во скоро време да бидат и формулирани уставните измени.

Според вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, последното зголемување на тензиите на релација Софија – Скопје не е закана за евроинтегративниот процес на Македонија.

-Секако дека не е пријатно, не е позитивно и не е добро, но мислам дека сега засега и самиот министер и премиерот исто така го кажаа тоа, дека тие не гледаат причина да преземаат некакви мерки, вон од тоа што е запишано во заклучоците и во Преговарачката рамка. Затоа беше важно за да се заштитиме ние од дневно-политички изјави и ситуации на тензија и набој, да ги имаме овие обврски јасно напишани и од наша страна и од страна на Бугарија, за да го зачуваме духот на пријателството на кое работиме на него дури и во вакви услови вели Маричиќ.

Поврзани новости