613
Капитенот на Интер, Мауро Икарди е прогласен за најдобар фудбалер во 2018 година во Италија.
25 годишниот напаѓач е првиот играч во последните седум години кој ја освојува наградата, а не е член на Јувентус. Последен пат тоа го направи Златан Ибрахимовиќ во 2011 година како член на Милан.
Сепак, шампионот Јувентус и оваа година има свој претставник меѓу најдобрите во Серија А. Тоа е тренерот Масимилијано Алегри кој е прогласен за тренер на годината.
За Алегри ова е четврто вакво признание.