947
Познати се првичните резултати од обдукциските тестови на актерот Метју Пери. Според нив, тој не умрел од предозирање со фентанил или метамфетамин, пренесува „TMZ“.
Тоа се две тешки дроги – фентанил која уште се нарекува и дрога „зомби“ која наводно е полоша од хероинот, додека метамфетаминот е синтетичка дрога, позната и како „кристал мет“.
Првите резултати покажаа дека Чендлер во својот организам немал ниту една од овие две дроги.
Сè уште се спроведуваат подетални тестови како дел од токсикологијата за да се анализира дали имало други нелегални лекови во неговата крв и дали нивото на лековите кои се издаваат на рецепт биле во штетни дози.
Овие резултати веројатно ќе траат од 4 до 6 месеци.