Водителот Марко Новески ја поддржува кампањата за декриминализација на канабисот во Македонија. Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА Скопје, ја започна кампањата “Декриминализација СЕГА!”, во која учествуваат повеќе македонски видни јавни личности кои даваат поддршка на заложбите на БИЛКА за декриминализација на канабисот во Република Македонија.
Досега поддршка за кампањата дадоа водителот Огнен Јанески, балерината Мими Поп Алексова и актерката Ирена Ристиќ.