Сончево и топло време, попладне локален дожд

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд во западните планински предели. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Како што информира УХМР, утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 18 до 25 степени.

Во Скопје слично време, сончево, а попладне со умерена облачност и со умерен југоисточен ветер. Температурата ќе биде во интервал од седум до 24 степени.

Поврзани новости