Андреј Жерновски, актуелниот градоначалник, неодамна изјави дека од граѓаните ќе бара втор мандат, зошто има да се реализираат уште многу проекти. Тој во трката се надева на поддршка на СДСМ и Заев.Директорот на ЈП ПОЦ и претседател на општинската организација на Центар, Саша Богдановиќ, исто покажува аспирации за оваа позиција. Тој се надева на гласовите на партиските верни гласачи на СДСМ, иако има информации дека трета личност ќе влета во игра.
За ВМРО-ДПМНЕ, пак за општина Центар се прогнозира дека ќе му ја даде поддршката на Сашо Стефановски, кој е претседател на општинската организација на ДПМНЕ во истата општина.Во СДСМ, како еден од најсигурните кандидати за градоначалник е Златко Марин на Аеродром, а според нашите информации, како негов противкандидат најверојатно ќе биде Ивица Конески од редовите на ДПМНЕ, кој по третпат ќе бара доверба за градоначалнички мандат од жителите на скопската општина Аеродром.
Душко Весковски како кандидат за градоначалник на општина Карпош, но пред една недела жители од Нерези ја спореа неговата кандидатура, со што се уште е неизвесно дали тој ќе се кандидира за градски татко.
Исто така, за општина Карпош извесно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе застане зад кандидатурата и уште еден мандат на Стевчо Јакимовски.
Перидов јавноста шпекулира со имиња на кандидати за градоначалници за локалните избори во октомври, а едно од имињата кое се спомнува е и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски. За него се пишуваше дека ќе биде кандитат за градоначник на општина Кисела Вода, а претходно се спомнуваше и општина Бутел.
Тарчуловски за „Фокус“ вели дека тој не се пријавил на партискиот повик за кандидати за градоначалници кој бил пред три месеци, но слушнал дека неговото име фигурира на анкети за испитување на популарноста на можни кандидати за градоначалници. Според информациите на „Фокус“, се испитува јавното мислење за него во општина Кисела Вода. Ова го потврди и Тарчуловски.
Веќе се кројат имињата на кандидатите за градоначалници и во другите градови, но се уште нема никаква официјална потврда од ниту една партија.