ВМРО-ДПМНЕ: Талат Џафери има повикано обезбедување во собраниската сала повеќе отколку сите негови претходници заедно во последните 26 години

by Fokus

Талат Џафери кој со поддршка на СДСМ го узурпира претседателското место во Собранието сега врши вистински терор во законодавниот дом и за само два месеца Џафери има повикано обезбедување во собраниската сала повеќе отколку сите негови претходници заедно во изминатите 26 години, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во Собранието на Република Македонија кое е сржта на парламентарната демократија тие сакаат да спроведуваат диктатура, да одлучуваат кој и кога ќе зборува од собраниската говорница и свесно да не го почитуваат Деловникот за работа, а кој ќе се повика на правилникот да го отстранат од собраниската сала. Со насилни интервенции на обезбедувањето, СДС и Џафери ја оневозможуваат дебатата и сакаат да ги спречат демократските права и процеси токму во местото кое е срцето на демократијата“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ реагирајќи на вчерашното барање на собранискиот спикер собраниското обезбедување да го отстрани од говорницата Антонијо Милошоски, пратеник од оваа партија кому не му беше дозволено од Џаери да даде процедурална забелешка – се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости