Голем број јавни претпријатија и општини, но и познати македонски компании и бизнисмени, се најдоа на новата листа должници на Управата за јавни приходи (УЈП) за долгови доспеани до 31.05.2019 и неплатени до 31.08.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
Македонска радиотелевизија на УЈП и должи 32 милиони денари, Македонска радиодифузија должи околу 26,3 милиони денари, Комуналното јавно претпријатие Струга должи 16,7 милиони денари, општина Карпош должи 54 милиони денари…
Меѓу должниците се и ТЕ-ТО со долг од 464 милиони денари, кумановскиот бос Бајруш Сејдији со долг од 112 милиони денари, Трансмет со долг од 77 милиони денари, винарската визба Повардарие со долг од 70 милиони денари, Урбан инвест со долг од 33 милиони денари, ФК Вардар со долг од 10 милиони денари…
Целата листа должници ТУКА.