Саудиска Арабија почна да привлекува „инфлуенсери“ од социјалната мрежа Инстаграм со бесплатни патувања за да помогне во подобрување на имиџот на државата, објави Бизнис инсајдер.

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман исто така сака да го развие туризмот во земјата, што би придонело долгорочно да се намали зависноста на Саудиска Арабија од нафтата, објави порталот.

Бизнис Инсајдер интервјуирал десетина популарни „инфлуенсери“ кои им раскажаа за внимателно подготвено и државно спонзорирано патување што треба да го промени имиџот на Саудиска Арабија.

На тој начин, Саудиска Арабија сака да го одвлече вниманието на јавноста од кршењето на човековите права во земјата, смртната казна и други бруталности, како што е убиството на новинарот Џамал Кашоги.

Понудата опфаќа, меѓу другото, и петдневна турнеја по Саудиска Арабија, која завршува со заминувањето на Гран-при на Формула-1, за што на инфлуенсерите им беа обезбедени ВИП билети.

Организирани биле деветдневни тури за „инфлуенсери, креатори на политики и идни лидери преку  „елитна програма за културна размена“, финансирана од државни компании и една професионална организација блиска до владејачкото семејство.

Другите опции вклучуваа присуство на спортски настан во НЕОМ, мегаполис од 500 милијарди американски долари во изградба или посета на владин фестивал за музика и уметност наречен „Зима во Тантора“.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.