Познат изгледот на новите банкноти од 200 и од 2.000 денари

by Фокус

Народната банка на денешната седница ја прифатила Информацијата за идејното решение на новите книжни пари од 200 и 2.000 денари и наскоро се очекува нивно печатење.

Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 200 денари е релјефот со претставa на старозаветниот 41. Давидов псалм којшто им припаѓа на препознатливите винички теракотни икони, едни од најзначајните раносредновековни археолошки откритија на територијата на Македонија.

На истата страна, во централното лево поле е прикажана раносредновековна прстеста бронзена фибула од почетокот на VII век, а е пронајдена во околината на Прилеп.

10500326_10203914660841965_8740526900939801551_n

На задната страна на оваа банкнота е претставен архитектонско-ликовен елемент од челната фасада на „Шарената џамија“ во Тетово, еден од најатрактивните споменици на архитектурата и сликарството од османлискиот период во Македонија, надополнет со флорални елементи преземени од декорацијата на мермерните подни плочи на познатата „Исак џамија“ во Битола, изградена на самиот почеток на XVI век.

10411110_10203914661441980_2893971364318031844_n

Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 2.000 денари е претстава на македонска невестинска носија од Прилепско Поле, како впечатлива рефлексија на богатството на фолклорната ризница на Република Македонија. На истата страна, во централното лево поле е претставен приврзок во форма на афионова чашка којшто е откриен во Сува Река, Гевгелија и претставува артефакт датиран во VII век пр.н.е што му припаѓа на познатата група пајонско-македонски бронзи.

10422527_10203914662642010_2804793242668173681_n

Што се однесува до задната страна на банкнотата, на неа е прикажана декорацијата на внатрешната страна на позлатен сад, којшто потекнува од XVI век и во чиешто централно поле се наоѓаат два афронтирани пауна покрај „изворот на животот” обиколени со раскошна флорална декорација.

Поврзани новости