СДСМ прашува уште колку други Субрати кријат Ставрески и Груевски

by Фокус 15:08
15:08

Случајот со наводните милијарди на Субрата Рој од којшто остана само банкарска гаранција, после скандалот со „Сведмилк“, покажува колку може да се верува на Ставрески и на Груевски во врска со странските инвестиции. Бидејќи договорите и субвенциите што ги добиваат странските компании се врвна владина тајна, останува еден ден да стане јасно дали меѓу нив можеби се кријат и други Субрати, изјави денеска Кире Наумов, претседателот на Комисијата за финансии во СДСМ.

– Ставрески се обидува да го покрие скандалот со Субрата Рој со смислено одбрани податоци за наводно успешните странски инвестиции во слободните економски зони. Прво, Ставревски вели дека компаниите во зоните оствариле извоз од скоро милијарда евра, но истовремено министерот не кажува колку е зголемен увозот на сметка на работењето на овие компании. Тоа што Ставрески исто така го крие, е фактот дека во првите 9 месеци Македонија остварила трговски дефицит од милијарда и седумстотини милиони долари. Тоа е за 30 милиони долари поголем дефицит од истиот период лани. Тоа покажува негативна тенденција. Тоа е првиот „резултат“ од фалените инвестиции на Ставрески и Груевски. Ставрески тврди дека во слободните економски зони работа нашле 11.000 работници, но и да е така, министерот не се осмелува да каже колкава е просечната плата на овие вработени. Корисно би било да го слушнеме и овој “резултат“ на фалените инвестиции: колку изнесува просечната плата на вработените, без платите на странските менаџери кои се вработени во овие компании?! Трето, министерот Ставрески секогаш го крие податокот за учеството на компаниите од зоните во буџетските приходи – вели Наумов.

- Advertising -

Поврзани новости