507
Дваесет и петгодишниот Мартин Јанушев е фудбалерот кој попладнево околу 18 часот беше застрелан во населбата Аеродром.
Јанушев бил застрелан пред локалот Ред кафе. Очевидци велат дека бил застрелан со 4-5 куршуми во главата и во вратот. Случајни минувачи го качиле во автомобил и го однеле во Градска болница, каде сега му се врши операција.
Неофицијално, полицијата веќе го знае идентитетот на напаѓачот и трага по него.