Познат идентитетот на загинатите во страотната сообраќајка синоќа кај Пинтија

by fokus

Дваесет и едногодишно момче и 48-годишен маж загинаа во сообраќајката на булеварот „Борис Трајковски“. Според очевидци, сообраќајката се случила заради неприлагодена брзина на едно од возилата, кое директно удрило во другото кое наидувало од спротивен правец.

Несреќата, како што информира МВР, се случила околу 22 часот при судир на две возила „голф“ и „пежо“. На самото место загинаа 21-годишниот Ш.С. од село Батинци и 48-годишниот З.Ѓ. од Драчево.

На местото на несреќата е извршен увид, по што треба да се утврди причината за оваа тешка сообраќајна несреќа. Телата на починатите се предадени на обдукција.

Поврзани новости