Илија Мерџановски од Љубанци е 37-годишниот Македонецот кој беше ликвидиран со уште двајца странци во Кабул, Авганистан. Како што велат селаните во Љубанци тој бил убиен на својот именден, објави „Вечер“.
Според авганистанската полиција, македонскиот државјанин имал 37 години и патувал на работа со локален шофер. Заедно со неговите колеги биле киднапирани во периферијата на Кабул, а подоцна телата им се пронајдени во автомобил оставен во областа Мусаши.
Илија неколкупати досега бил во Авганистан, а на печалба отишол со желба заработените пари да ги вложи во рибникот кој го држел под наем.
– Ова е трагедија. Илија и неговиот брат се израснати без татко, еве сега и неговите две дечиња останаа без родител, вели за „Вечер“ еден од жителите на Љубанци.