76
Во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Градско-Прилеп загина 29-годишното момче А.М од Прилеп, соопшти полицијата.
Според информациите, несреќата се случила помеѓу автомобил „Ауди“ со прилепски регистарски односи, управуван од А.М.(29) од Прилеп и товарно возило „Ман“ со скопски регистарски односи, управувано од З.Б.(38) од Куманово.
Во несреќата, А.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во градската болница Прилеп каде починал, велат од МВР.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа на ОВР Прилеп.